Откако во италијанскиот фудбал се крена мала бучава околу објавата на Серија А дека фудбалерите кои носат неофицијални капитенски ленти за време на натпреварите, ќе подлежат на санкции, чиновниците од италијанската лига направија исклучок од правилото за капитенот на Фиорентина.
Според новите правила на лигата, во тековната сезона сите капитенски ленти треба да бидат бела боја, а на нив да стојат само логото на Серија А и зборот ’капитен’ со големи букви.
Во меѓувреме капитенот на Фиорентина, Аргентинецот Херман Пецеља носеше капитенска лента во чест на прерано починатиот стопер на Фиорентина Давиде Астори кои минатата година почина во хотелска соба на гостување со екипата.
Серија А реши да направи исклучок и да му дозволи на Пецеља да ја предводи екипата со специјална лента околу раката.
По две одиграни кола Фиорентина има максимален учинок од две победи со гол разлика 7:1 и е на третото место. Претстојниот викенд „виолетовите“ имаат тешко гостување во Неапол против тимот на Карло Анчелоти кој уште не знае каде ќе ги игра натпреварите од Лига на шампиони.