Застапен во весници и телевизии како познат актер или како најпознатиот лидер меѓу политичарите. Фудбалот не застана ниту после 11 септември, но овој пат цел ден го посвети на тишината, длабоките размислувања и спомените за еден фудбалер кој не беше премногу познат.
Господин и професионалец, значи со нешто повеќе во себе. Човек кој беше сакан.
Фудбалот се предаде поради смртта на еден од своите затоа што токму фудбалерите решија дека не треба да се игра и дека спектаклот во Серија А не треба да продолжи. Немаше потреба од интервенции од погоре. Скок кој беше незамислив до пред неколку години.
Се случи нешто ново, чудно, но исто така и добро откако дознавме за смртта во сон на Астори. Преку него, фудбалот во една од неговите помалку едуцирани сезони, се обиде да ги излечи раните на душата.
Прочитав и слушнав потресни сеќавања. Од тој ден пред очи ми е само лицето на сопругата Франческа, која не сакам ни да замислам како се чувствува и како ќе и биде во деновите на осаменост.
Смртта која ја скрши двојката која беше во љубов во едно позитивно семејство, ми создава уште повеќе лутина.
Со Астори не умре само еден фудбалер, туку и идејата за идеална среќа.