Навивачите на Јуве демонстрираа висока класа во Фиренца
Средбите меѓу Фиорентина и Јувентус обично не носат пријателски сцени на трибините и е така подолго време. Виолетовите уште ги тераат оние невкусни шеги за загинатите Бјанконери во трагедијата Хејсел, но навивачите на Јуве барем за момент ги закопаа секирите и направија потег број 1 на Артемиот Франки, Го скандираа името на капитенот на Фиорентина кој лани почина во сон.