Клајв О`Конел кој е навивач на Челси дал изјава по мечот против Ливерпул на Стемфорд бриџ на 31 октомври, кој Сините го загубија со 3:1, но тоа било регистрирано во неговата фирма каде шефот решил да го избрка од работа.
О`Конел во 2014 година бил прогласен за најдобар адвокат по осигурување во Велика Британија, а по мечот во Лондон навивачите на Ливерпул ги нарекол идиоти и ѓубриња.
Отказот за навивачот на Челси се случил преку Јутјуб, на истото место каде што бил фатен дека се однесува недолично, а му го врачил шефот кој се снимил за да му пренесе причините.
„Луѓето кои работат за нас, не треба да бидат одлични само додека се на работа, туку и надвор од канцелариите. Всушност нивните квалитети се забележуваат во секојдневниот живот. Нашите основни вредности на секој кој е дел од оваа фирма е да покаже почитување кон клиентите, судовите, колегите и заедниците. Неговото однесување не е во согласност со нашите стандарди. Се извинуваме за тоа што се случило по натпреварот и поради тоа решивме да ја прекинеме соработката со него“, е дел од објаснувањето на неговиот шеф.
Адвокатот се извинил за однесувањето пред камерите, но за сега останува без работа.