Љајиќ повторно го смени тренерот што го тепаше

Адем Љајиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Интер против Болоња, екипа која поради новиот пораз реши да го смени Делио Роси, тренерот што пред неколку години го истепа Србинот на сред натпревар.

Пред три години Делио Роси беше тренер на Фиорентина за која играше фудбалерот од средниот ред, Адем Љајиќ. Откако го замени на еден натпревар, Љајиќ при излегувањето од игра иронично му аплаудираше на Делио Роси и нешто му потфрли.
 
Тоа беше причина ветеранот меѓу тренерите во Италија физички да го нападне Љајиќ на клупата при што замавна неколку пати. После тој скандал, Делио Роси доби суспензија од италијанската федерација, но доби и отказ од Фиорентина.
 
Двајцата во меѓувреме се сретнаа повторно, и овој пат фудбалерот повторно беше кобен по тренерот. Интер славеше 0-1 на гостувањето во Болоња, а голот го постигна Мауро Икарди на асистенција на Љајиќ. Позајмениот фудбалер од Рома беше еден од подобрите во победата на Интер.
 
После првиот дуел од 10. коло во Серија А, Делио Роси доби отказ, затоа што Болоња се наоѓа во зоната на испаѓање со само шест бодови. Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот веќе преговара со поранешниот тренер на Парма, Роберто Донадони.
 
55-годишниот Делио Роси ја превзема екипата во мај годинава и под негово водство Болоња се врати во елитата, каде за сега изостануваат резултатите. Инаку Роси е вториот отпуштен тренер во Серија А сезонава, откако дебитантот Карпи минатиот месец го смени Фабрицио Касторија.
 
Еве како Делио Роси пред три години го затепа Адем Љајиќ:
28 октомври 2015 - 18:41