Во февруари годинава 2 милиона Американци дале отказ, цифра која не е забележана уште од ноември 2008-ма.
А тоа е добар знак за сите, заклучува Вол Стрит Журнал, бидејќи сигнализира доверба во економијата. Кога луѓето не веруваат дека можат да се вработат на друго место, се држат до постојното вработување.
Пред економската рецесија по три милиони Американци даваа отказ секој месец. Бројката падна на рекордно ниски 1, 6 милиони во септември 2009-та.
Отказите ѝ помагаат на економијата и затоа што го освежуваат пазарот на трудот. Доколку нема откази, не постои обрт на работна сила и невработените тешко влегуваат во таборот вработени.
Особено ако нови работни места не се отвораат.