таг: економија

Во Зимбабве снемува сè, дури и пасоши

Со месеци во оваа африканска земја нема кеш, гориво и струја. А сега е речиси невозможно да се дојде и до пасош.  Повеќе

Како генијалниот Исак Њутн загубил огромни пари на берза во 18 век

Вистинитата приказна за Њутн како неуспешен берзански инвеститор обично се користи за да се илустрира ирационалноста на економските одлуки и влијанието на толпата. Ако Њутн не можел да им одолее, што ни останува нам, на обичните? Повеќе

Кинезите си грмат

Кинеските власти порачаа дека без никаков проблем ќе ги достигнат таргетите за економски раст кои им се проектирани на 6,5%. За споредба, ЕУ годинава брка просечен раст на БДП од 1,7%. Повеќе

Зошто Германците не сакаат економија слична на американската?

На неодамна одржаните избори во Германија од мртвите се врати една партија, чиј харизматичен лидер изгледа и се однесува како американски бизнисмен. Неговата платформа ги поттикнува сограѓаните да станат (дигитални) претприемачи и да се фокусираат на личното богатење. Зошто ваквиот техно-либерализам не поминува масовно кај германските гласачи? Повеќе

Без климатизери модерната економија не би постоела
Нова книга за 50 изуми кои го променија светот

Нова книга за најголемите изуми во историјата го објаснува револуционерното влијание врз економијата на 50 пронајдоци, меѓу кои ралото, бодликавата жица, хартиените банкноти и системите за климатизација. Повеќе

Капиталистите го уништуваат капитализмот а еврото не може вака

Водечки европски економист предупредува дека еврото е оставено на цедило. Националните влади се лишени од одговорност а европска влада не постои. Враќање на националните валути не е предвидено и никој не знае како тоа би завршило. Најверојатно со распаѓање на ЕУ. Повеќе

Глобалните катастрофи како услов за еднаквост

Вознемирувачка, ама издржана лекција по историја: нова книга тврди дека ретките случаи на еднаквост од глобални размери била постигнувана исклучиво во времиња на големи кризи, кога на Земјата шетале четирите јавачи на апокалипсата (кои додуша ширеле несреќи главно во женски род): глад, смрт, војна и освојување. Зарем до ова дереџе дојдовме, да се надеваме на апокалипса? Повеќе

Прогласена највлијателната академска книга во Британија
#AcBookWeek

Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња. Повеќе

Кога економистите навиваа за робовладетелство

Една подзаборавена група француски економисти од 18 век, теоретски но и практично ги поставила основите на она што денес го знаеме како слободна трговија и државна дерегулација. Иако звучи како достигнување, тоа е така само ако се изземат милионите жртви на трговијата со робови, кои се неодвоиво поврзани со приказната за настанокот на современиот капитализам. Повеќе