Кина ќе нема проблем да го постигне проектираното ниво на развој за оваа година, а може и да го надмине, соопшти надлежното биро за статистика.
Аналитичарите н Запад признаваат дека оптимизмот е реален бидејќи во првата половина од годинава, втората по големина светска економија покажа повеќе отколку што се очекуваше - раст од 6,9%. Ако годинешниов раст го надмине ланскиот од 6,7% - патем, најнизок во последниве 26 години - тоа ќе биде прво забрзување во последните 7 години.
Ваквите економски проценки доаѓаат на една недела пред петгодишниот конгрес на Комунистичката партија на кој се разгледуваат стратешките правци на земјата,
Се разбира, на Запад ќе најдете критики на кинескиот раст кои завршуваат со апел тој да биде намален заради одржливост и глобалните ефекти врз климата. Од друга страна, постојат сериозни анализи кои упатуваат на заклучок дека токму Кинезите се свесни за предизвиците кои ги носи иднината и сериозно изведуваат структурни реформи во тој правец.
„Кина има препознаено дека нејзината огромна популација е потенцијално буре барут, и дека мора да се погрижи за своите луѓе. Ова ние го немаме направено. Само ги потиснуваме обичните луѓе. Кина е истовремено поагресивна од која и да е друга земја во одговорот на предизвиците врзани со климатските промени. Така што има две опции - или ќе се разбудиме и ќе почнеме да се однесуваме на истиот начин, или Кина ќе биде светски лидер“, вели технолошкиот визионер Тим О' Рајли.
Види и: