Стапката на невработеност во ноември го достигна 17 - годишниот минимум (4,1 отсто). Но, кога во една земја постојат шест милиони работни места кои не се пополнети, тоа е состојба што може да го блокира економскиот раст, предупредуваат економистите.
Кинеските власти порачаа дека без никаков проблем ќе ги достигнат таргетите за економски раст кои им се проектирани на 6,5%. За споредба, ЕУ годинава брка просечен раст на БДП од 1,7%.
Бескрајниот раст е мечта на економистите, бизнисмените и политичарите. На него се гледа како на мерка за напредок. Сепак, економскиот раст во себе ја крие сиромаштијата која ја создава преку уништувањето на природата, што прави заедниците да немаат капацитет да се грижат за самите себеси.
Ќе си речете, Кина е сосема друг свет, којзнае како тоа функционира и колку е сосема различно од остатокот на светот. Ама не, луѓето и таму ги мачат истите секирации како и секаде. Бескрајните поскапувања, проблеми со владата и нееднаквоста.