Во споредба со другите земји, Кинезите отсекогаш покажувале вонредна верба во исправноста на правецот во кој се движи нивната држава. Во јули годинава, дури 83 проценти тврделе дека економската ситуација е добра. Од 21 испитана земја, Кина е единствената во која повеќе од половината луѓе (57 проценти) веруваат дека на сегашните млади ќе им биде полесно да станат богати отколку на нивните родители.
Но, материјалниот успех и на државата и на луѓето (во последната деценија просечниот приход на семејство е триплиран) не е сè. Во Кина е детектирано растечко незадоволство од модерниот ритам на живеењето. На 59 проценти им одговараат современите текови а такви пред 4 години беа 72 процента.
Еве ја табелата во однос на кои животни прашања се забележуваат видливи промени во расположението на Кинезите: