#AcBookWeek

Прогласена највлијателната академска книга во Британија

Во Британија, втора година по ред, од 23-28 јануари се одвива недела на академските книги „заради отварање дијалог помеѓу оние кои ги пишуваат, и оние кои ги користат“. Оваа година беше спроведено и гласање за највлијателната ваква книга на сите времиња.

Од список на 20 текстови одбрани од водечки британски професори и научници, а во рамки „Неделата на академски книги“, како победник според гласовите на публиката првото место го освои книга од областа на економијата - „Генерална теорија на вработувањето, каматата и парите“ на Џон Мејнард Кејнз, излезена во 1936, чиј автор се смета за основач на модерната макроекономија.

Меѓу предложените книги беа и „Чисто и опасно“ од Мери Даглас, класика од областа на антропологијата, „Двојниот хеликс“ од Џејмс Вотсон од генетиката, „Ориентализам“ од Едвард Саид од пост-колонијалните студии и социо-биолошката „Себичниот ген“ на Докинс. Но првите пет места го зазедоа текстови кои се блиски со идеите на политичката левица, како „Измислувањето на традицијата“ на Хобсбаум или „Создавањето на анаглиската работничка класа“ на Томпсон.

Победникот Кејнз знаел на што се нафаќа кога почнал да ја пишува оваа негова книга. Во писмо до драматургот и социјалист Џорџ Бернард Шо, тој предвидел: „Верувам дека пишувам книга поврзана со економската теорија која можеби не веднаш, но во следните неколку години ќе изврши револуција во начинот на кој светот размислува во врска со економските проблеми“. Таа ја формирала основата за таканаречената „Кејнзијанска економија“, влијателен економски модел во Британија, кој одигра клучна улога по падот на берзите во 2008.

Во делото од 1936 тој вели дека во текот на рецесиите економијата во краток период е под големо влијание на вкупните расходи во економијата, и се залага за државна интевенција за да ги изедначи екстремните подеми и падови во економијата. Исто така, тој ја доведува во прашање неокласичната економија со поврзување на вработувањето не со цената на трудот, туку со трошењето на парите, што според него создава побарувачка.

Еве ја целосната листа на книги кои влегле во најтесниот избор:

A Brief History of Time (1968) - Stephen Hawking
Revolt on the Right: Explaining Support for the Radical Right in Britain (2013) - Matthew J Goodwin and Robert Ford
Ways of Seeing (1972) - John Berger
Gender Trouble (1990) - Judith Butler
The Selfish Gene (1976) - Richard Dawkins
Introduction to the Study of the Law of the Constitution (1885) - AV Dicey
Staying Power: The History of Black People in Britain (1984) - Peter Fryer
The Double Helix (1968) - James Watson
The Invention of Tradition (1983) edited - Eric Hobsbawm and Terence Ranger
The Making of the English Working Class (1963) - EP Thompson
Purity and Danger (1966) - Mary Douglas
The Uses of Literacy (1957) - Richard Hoggart
Poverty in the United Kingdom (1979) - Peter Townsend
Orientalism (1978) - Edward Said
The General Theory of Employment, Interest and Money (1936) - John Maynard Keynes
The Female Eunuch (1970) - Germaine Greer

25 јануари 2017 - 19:00