„Награда за мир доделија, и мир немаше веќе“

По доделувањето на Нобел за мир на Европската Унија не стивнуваат реакциите, некои во проза, некои во стихови. Иако е тешко да се долови оригиналниот десетерец, еве една во духот на јужнословенските епови. 

Мили боже чудо големо
кога почнаа награди да делат
земјата Шведска од Европа
и Комитетот на Нобел Алфред
за големи светски достигнувања
за физика, медицина цела
за хемија и благоглаголење
за економски науки во светот
и на крајот, од срцето свое
со гранка во лет гулаб
за мир кому награда му даваат
за на испитот историски да паднат?

Проговара Нобеловиот комитет
сам за себе најјак ентитет
дека денес, во есен рана
како во лето кога време не му е
ќе ја почасти Европската унија,
и ќе и даде големо признание
за таа засекогаш да се накити
и да биде тоа што не треба да биде
и ѝ се јавија на Кетрин Ештон,
сирота, мисли ја бараат по грешка
да ѝ врачат за мир Нобеловата
Унијата да не остане свената.

Грција во неа во мир да живее -
се исплашија од нивната судбина клета
народите што треба да останат мирни
огнот да не се гаси со бензин
како што кај нас некогаш беше,
да не дуваат во скутот на Слоба
зошто Вуковар засекогаш пуст остана
зошто гадовите го разурнаа Мостар
зошто на Дрина што не црцори птица
зошто, бедни, Сребреница ни се случи?

Нека биде што мора да биде
нек' во Еу влезе и Црна Гора
за Његош под ѕвездите да се буди
никој на чудото да не се чуди
кога можеа на Кисинџер да му ја дадат
може, богами, секој редот да си го фати.
Словенија вчера златна беше
денес банкрот, ѝ изгореа крила,
а Хрватска должна ко Грција
во морето едвај некој се бања
туку луѓето зеле кредити
само седат, глумат троглодити
ММФ нè дере, сето тоа ќе треба да се врати
Брисел никому нема цехот да му го плати.

Што му е подобро на бугарскиот селанец
ил' на Романецот или на бедниот Полјак
што е вазал на семејството ЕУ
што и песот има ѓердан
што прстени имаат и птиците
кога нема ни правдина ни за парче леб
кога Европа не знае што ѝ треба.

Зад орден ѝ треба на старата дама,
авиони над Сирија летаат
во Ирак мешовити чети
нафта крадат, а прикажуваат бајки
демократии како ружи никнат
повторно онаа приказна стара
кај што нејќе бургијата, парата сака
им благодари ним Катерина
Англија е везден дама фина
а сите го знаеме големиот јадец
дека Нобел се превртува во гробот
дека дошло гадно едно време
награда за мир доделија,
и мир немаше веќе.

Сама себе Европа се награди
свадба пуста, нигде сватови
ни логика, ни бутур
за Нобел не ти треба дарба
само сила, само добри пари
и на секој прст добри Пи-ари.

автор: Ахмет Буриќ 

22 октомври 2012 - 11:53