„Еврото беше прекрасна идеја но ние допрва ги гледаме реалните импликации. Од една страна ги ослободивме националните влади во евро-заоната од одговорност да ја стабилизираат својата економија и да одржуваат систем за социјална сигурност кој ќе ги заштитува луѓето од цикличните хирови на капитализмот. Од друга страна, немаше волја да се создаде Европска влада која ќе ја преземе таа одговорност. Во крајна линија, ние или ќе мораме да создадеме таква влада или да се вратиме на национални влади и национални валути“
Ова во вели еден од водечките европски економисти, Пол Де Грауве од London School of Economics, кој признава дека со оглед на тоа што еврото не е замислено како реверзибилна валута, односно не постои утврден механизам за враќање кон националната валута, ваков процес најверојатно би водел до распаѓање на ЕУ.
Во својата книга „Лимитите на пазарот“, тој потсетува дека слободниот пазар има две фундаментални граници, обете од надворешна природа. Прво, без владина контрола слободниот пазар бескрупулозно ќе ја уништи човековата околина. Второ, слободниот пазар води до таква нееднаквост која може оние кои ја губат битката да ги приближи кон некои други револуционерни идеи и системи, од типот на комунизам или слично. Но, од друга страна пак, владините интервенции на пазарниот натпревар можат да водат кон автократски режими и зголемена корупција.
Де Грауве е за прогресивна стапка на оданочување на богатите но е свесен дека тоа може да се направи само со синхронизирана политичка воља. Доколку само една земја воведе такво оданочување, богатите лесно ќе го преселат капиталот во друга.
Угоре високо, удолу длабоко.