Таг: валута

Нова дигитална валута - пари за сите живи суштества

За да се спаси планетата потребна е нова економија, која ќе ги земе предвид животните, дрвјата и другите видови живот на планетата.

Биткоинот „блеска“, но златото останува - злато

Дигиталната валута не е поддржана од било што физички. Ако се укине интернетот, сопствениците на биткоинот ќе немаат пристап до нивните средства, а слично е доколку бидат хакирани или ја заборават лозинката. Златото, од друга страна, има одредена инхерентна вредност. Ако ништо друго, од него можат да се направат златни заби.

Капиталистите го уништуваат капитализмот а еврото не може вака

Водечки европски економист предупредува дека еврото е оставено на цедило. Националните влади се лишени од одговорност а европска влада не постои. Враќање на националните валути не е предвидено и никој не знае како тоа би завршило. Најверојатно со распаѓање на ЕУ.

Кинескиот јуан стана официјална валута во - Зимбабве

Откако Пекинг реши да им ги прости долговите, Зимбабве реши да се оддолжи со прогласување на јуанот за една од официјалните валути во земјата.

Алтернативната грчка валута „ТЕМ“ - пет години подоцна

„Експериментот" со ТЕМ-от воведен во Волос, за кој прв пат слушнавме во 2010, сè уште трае. Интелектуална инспирација на неговите креатори се Аристофан и Џон Ленон. Дали ваквата економија е сепак ограничена на микро-заедници и само на краток рок?