Репрезентацијата на Белгија го почна годишниот циклус добро и во моментов е лидер во квалификациската група за Мундијал 2018 со 16 бода, 4 повеќе од Грција која е второпласирана.
Од таа причина како бомба стигна веста дека Раџа Наинголан ја завршува репрезентативната кариера.
„Нинџата“, кој важи за еден од најголемите борци на фудбалските терени не ја заврши кариерата во дресот на Белгија како што треба со помпа и голема благодарност. Ја заврши со пцовки, навреди и грубости притоа зборувајќи повеќе отколку што треба.
Раџа не можел да се помири што не е на списокот за претстојните дуели од квалификациите со Гибралтар и Грција. Но едно е сигурно: Кај некогашниот тренер на Евертон а сега селектор на Белгија Мартинез тој нема да игра. А Мартинез не делува многу немирен поради тоа.
Кога седнал на клупата на Белгија, Мартинез прво што направил го опоменал Наинголан. Прва одлука: забрана за пушење. Во репрезентацијата сите знаат дека Раџа пуши цигари и тоа било јавно тајна.
Селекторот ја осудил лошата навика и разговарале неколку пати. За цигарите знаел и претходниот селектор Вилмотс, а и поранешниот тренер на Рома Лучано Спалети. Никој немал проблем затоа што приватниот живот е негова работа. Но не и Мартинез.
Но од друга страна, сте го виделе Наинголан како трча на теренот? Како да е суден ден. Без престан додека е на теренот како пит-бул. Италијанските новинари се шегувале на темата и пишувале дека тој пуши за противникот да има какви такви шанси.
Мартинез отишол на другиот крај од приказната: Според него, Раџа со пушењето цигари дава лош пример. А тоа било сама капка која што ја прелила чашата:
1. Мартинез му се јавил на Раџа неколку часа пред да го објави списокот за претстојните средби и му кажал дека не бил доволно посветен и фокусиран на јунските натпревари на репрезентацијата.
2. Мартинез кренал раце од Раџа и поради тоа што пропуштил еден состанок на репрезентацијата пред мечот со Естонија. Раџа 37 секунди чекал да дојде лифтот, не можел да издржи и се вратил во собата.
3. Лут откако го тргнале од списокот, Наинголан некоркетно ги нападнал колегите Тилеманс и Витцел: „Го вика Тилеманс кој грее клупа во Монако и игра пет-шест минути. Откако стана селектор Мартинез кааж дека репрезентативците ќе бидат должни да играат во топ-првенства. Сега кога Витцел игра во Кина правилото не важи и го вика во репрезентација“.
4. Мартинез и Наинголан се сретнале во еден ресторан на Ибица летово но Шпанецот не му се обратил на Раџа иако поминал крај него. Направил дека не го гледа иако Наинголан со фризурата ирокези е приметлив од далеку, посебно во мал интимен ресторан.
Мартинез не го сметал Раџа за авторитет меѓу играчите затоа што имал личен анимозитет кон некои фудбалери, правел ситни шиканирања и мешетарења и имал двојни стандарди. Недостигот на почит Мартинез не сакал да го компензира со казни.
За една година во Белгија Шпанецот го коментирал Наинголан дури и кога тој не бил присутен а наивноста на Раџа и отсуството да одговори на некои прашања го натерало Мартинез да дава погрешни одговори па така настанал и лошиот однос.
Мартинез е конзервативен католик кој не сакал што момчето од Индонезија пуши по пет цигари дневно, отворено шета по ноќни клубови и прави циркус. Ирокези фризура, тетоважи, цел живот војна. Мартинез не можел да го соџвака сето тоа.
Спалети еднаш кажа дека Наинголан може се и Лучано тогаш не преувеличуваше. Раџа пуши но на неговата километража може да му позавиди и Канте. Седи цела ноќ во ноќните клубови - а следниот ден дава гол. Наинголан може баш сè. Тој дури и се откажал од Богот во кој верувал. Се откажа и од Светско првенство и сигурно репрезентацијата на Белгија губи повеќе отколку тој.