Таг: раџа наинголан

Кога на Раџа ќе му легне, џабе го блокирате

Еден од најјаките, а можеби и гол број 1 на синоќешните средби во Лига Европа е оваа бомба на Раџа Наинголан, кој летоска се врати во родниот Антверпен. 2:2 одиграа со Ајнтрахт Франкфурт.

Ако ви е многу жешко одете на плажа со Наинголан

Само бидете на штрек и гледајте да не заспиете.

Наинголан е немилосрден и против своите

Белгијскиот репрезентативец сезонава направи кам бек во Каљари каде настапуваше пет сезони, а сезонава е како претплатен на голчишта од далеку. До сега има 5. Последниов е против Интер со шајка од околу 25 метри за конечни 1:1. Тоа значи трето реми по ред за Конте и можност за Јуве вечерва да избега на +6.

Како ја опалија Чалканоглу и Наионголан леле мајко

Два убави, многу убави голови од 8. коло во Серија А. Турчинот од Милан постигна еден од оние многу тешки мајсторски погодоци од косо, кои заслужуваат внимание. Нема што да бара тука голманот, а ниту па на овој дрзок удар на Раџа Наинголан на мечот Каљари - Спал. Ама им легна и на двајцата.

Скандалозни аудио снимки на Наинголан на кои плука по Интер

Суспензијата на Раџа Наинголан за вечерашниот дуел против Наполи изгледа му беше малку, па сега ова што се случи најново, по логика на нештата би требало да значи и целосно отстранување од тим и збогување уште во јануари.

Емотивниот гол на јунакот кој е пресреќен што воопшто игра фудбал

Колку и да го величаме дека е јак во среден ред, сепак мора да признаеме дека Раџа Наинголан знае да биде “копач“ со тоа стартовите без осет, а потврда за тоа е оваа приказна која за среќа, па и за чудо не заврши со тажен крај.

Џеко или Коларов го подучиле?

Раџа Наинголан неодамна се пофали дека дебитирал со новиот клуб, а еден од неговите довчерашни колеги од Рома му посака среќа на ваков начин:

Не го викнаа на Светско, ама во Милано го пречекаа како бог

Белгиецот Раџа Наинголан е четвртото засилување на Интер кој се остри за Лига на шампиони. Го купија од Рома за 20 милиони евра за да го засилат средниот ред. Не дека не е одличен, ама навивачите експлодираа како Кристијано Роналдо да дошол.

Ќе си платиш 100.000 евра казна за пијаната нова година

Додека неговите колеги објавуваа слики од мирна домашна атмосфера со богата трпеза, Раџа Наинголан за дочекот на новата година лудуваше како тинејџер. Спортскиот директор на Рома се појавил бесен.

Фудбалерот на Рома кој се направи дрво за нова година

Мундијалот во Русија кој стартува на 14 јуни налага побрзо завршување на сезоната, а тоа значи позгуснат распоред во домашните првенства. На Наинголан изгледа му е преку такво од фудбал без пауза, па реши да се опушти.

Шестмината ѕвезди од Серија А кои од маалски фудбал стигнале до ЛШ и ЛЕ

УЕФА интервјуираше шестмина славни фудбалски имиња, по еден од секој италијански тим кој сезонава е дел од европските натпреварувања. Не им било на сите лесно на почеток. Некој можел да заглави во лошо друштво, а друг воопшто да не заигра поради висината.

Зошто Раџа Наинголан е избркан од репрезентацијата на Белгија

Еден од најдобрите фудбалери во Европа во изминатите неколку сезони, се соочува со крај на репрезентативната кариера откако ја спукал со селекторот Мартинез.

Човекот против кој тешко се добива дуел

Ако борец број 1 во Премиер лигата е Канте, тогаш во Серија А тоа дефинитивно е Наинголан. За фудбалерот на Рома дури и чудно е кога ќе се види дека вкупно 8 години од кариерата потрошил во Пјаченца и Каљари.

Дебитантот Велс оди во полуфинале!

Дадоа 10 гола, најмногу од сите досега на Европското, а вечерва Велшаните го постигнаа можеби и најубавиот погодок во досегашниот тек на турнирот и заслужено одат во полуфинале каде ќе играат против Португалија.

Белгија втора, Шведска дома, Р. Ирска понатаму

Заврши натпреварувањето по групи, во Ф први се Аѕурите, втори Белгијците, трети Ирците а Шведска и Ибрахимовиќ го завршија учеството на ЕП во Франција.

Раџа Наинголан како терорист во Белгија

Во општиот европски метеж по нападите во Париз, група луѓе го пријавила фудбалерот на Рома за сомнително лице, а кога дошла полицијата имала што да види.

Раџа Наинголан како Ешли Кол

Лани на турнеја во САД на секоја фотографија Ешли Кол се срамеше да застане до екипата, па годинава во Индонезија, Наинголан направи шега на сметка на левиот бек.

Антверпен е градот на уличниот фудбал

The Game City е документарец за градот со најмногу маалски игралишта во Белгија на кои се мешаат разни култури, нации, вери, религии. На тие игралишта, фудбалски растеле Раџа Наинголан од Рома, Муса Дембеле од Тотенхем, Аксел Витсел од Зенит и други познати играчи.