Белгија втора, Шведска дома, Р. Ирска понатаму

Заврши натпреварувањето по групи, во Ф први се Аѕурите, втори Белгијците, трети Ирците а Шведска и Ибрахимовиќ го завршија учеството на ЕП во Франција.

Сума сумарум, кога се ќе се собере и одземе, завршната состојба во Групата Ф е реална. Италија покажа реално најмногу, Белгија беше за нијанса послаба, а Република Ирска се бореше макотрпно и ги израдува најдобрите навивачи на Европското со пласман во следната фаза.
 
Шведска потфрли целосно и Златан Ибрахимовиќ ја завршува репрезентативната кариера во групна фаза од едно ЕП.
 
ШВЕДСКА - БЕЛГИЈА 0:1 (0:0)
/Раџа Наинголан 84/
 
Со еврогол од 20-ина метри, Раџа Наинголан го одлучи победникот во израмнетиот меч:
 

ИТАЛИЈА - РЕПУБЛИКА ИРСКА 0:1 (0:0)
/Роби Брејди 85’/
 
 Прославата и радоста на ирските навивачи кои важат за највесели и најкоректни на Европското: