Не го викнаа на Светско, ама во Милано го пречекаа како бог
Белгиецот Раџа Наинголан е четвртото засилување на Интер кој се остри за Лига на шампиони. Го купија од Рома за 20 милиони евра за да го засилат средниот ред. Не дека не е одличен, ама навивачите експлодираа како Кристијано Роналдо да дошол.