Многумина заборавија на податокот дека Велс ја победи Белгија во квалификациите за Европското првенство 1:0 во Кардиф, а на реваншот во Брисел беше 0:0. Белгија и тогаш беше голем фаворит, а беше и вечерва во Лил. Но на крајот, Велшаните го направија најголемиот подвиг на Европското досега, победија со пресврт и закажаа полуфинален дуел со Португалија на 6. јули во Лион.
Вечерашната победа беше седма на последните десет натпреварувачки за Велс. Островјаните се и првиот дебитант полуфиналист на едно Европско по Шведска во 1992. година.
Белгијците вечерва тргнаа силно и буквално на јуриш поведоа со 1:0 со спектакуларниот гол на Наинголан од 25 метри. Од тој момент ретко кој не помисли дека црно им се пишува на Велшаните, но избраниците на Крис Колман се издигнаа и израмнија преку капитенот Вилијамс по корнерот на Арон Рамзи.
Во вториот дел Велс тргна како противникот во првиот дел и во 56. минута поведе со 2:1. Најубавиот гол во досегашниот тек од првенството го постигна Робсон-Кану (слободен играч) кој со еден потег „излажа“ буквално пет противнички фудбалери и пласираше во голот на Куртоа. Асистент повторно беше Рамзи.
До крајот Белгија јалово напаѓаше, а Велс го казни таквиот пристап во 85’ минута кога Крис Гарднер центрираше а Сем Воукс со фантастичен скок со глава ги постави конечните 3:1 и Велс заслужено се пласираше во полуфиналето на ЕП 2016.
ВЕЛС - БЕЛГИЈА 3:1 (1:1)
/Ешли Вилијамс 31’, Робсон-Кану 56’, Воукс 85’ - Наинголан 13’/
Бомбата на Наинголан:
Израмнувачкиот гол на капитенот на Велс, Вилијамс:
Експлозивната контра на Бејл, сам против сите:
Неверојатниот гол на Робсон-Кану, можеби најубав на првенството:
Сем Воукс стави печат на мечот во финишот за 3-1: