Бин Ладен, Стив Џобс, Гадафи, Витни Хјустон, Кит Флинт од Продиџи, Робин Вилијамс, Дејвид Боуви...и уште ред други славни личности му ги накалемија дека “ги умрел“ откако ќе дадеше гол за Арсенал. Сега го реметат дека баксуз бил и за италијанско.
Има 52 години, симпатизерка е на Лацио, но во принцип навива за екипите на нејзините ученици. Опкружена е со навивачи на Арсенал бидејќи живее во Лондон, но кога се играше финалето од ЛШ навивала за Челси поради Сари.
Уште не го облекол дресот на Јуве и не заиграл во Италија, а веќе поднаучил да парла. Првиот прес го одржа на англиски, но на италијански кажа дека веќе го учи и италијанскиот, што е за почит. Бејл на пример уште кубури со шпанскиот, а 6 години е во Реал.
„Топџиите“ водат 2-0 на полувреме против Наполи во четвртфиналето на Лига Европа. Првиот гол кој го даде Арон Рамзи беше после фантастична акција од неколку потези.
Да купиш стандарден првотимец од Арсенал на 28 години, најзрели за фудбалер, треба стварно да си доктор за трансфери. Па што има тука посебно? Епа гратис го земаа, а да е само тој.
Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.
Дадоа 10 гола, најмногу од сите досега на Европското, а вечерва Велшаните го постигнаа можеби и најубавиот погодок во досегашниот тек на турнирот и заслужено одат во полуфинале каде ќе играат против Португалија.
Поранешната претседателка на САД, Ненси Реган почина синоќа на 94 години. Ден претходно Арон Рамзи постигна гол за Арсенал на лондонското дерби против Тотенхем. Ситуацијата станува сериозна, жртвите меѓу познатите личности се редат.
На големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал кое заврши 3:3 синоќа гол постигна и Арон Рамзи, кој беше најдобар поединец кај Топџиите. Сепак, мистеријата дека после негов гол умира некоја позната личност денес доби нова димензија. Почина британскиот глумец Алан Рикман, познат како Снејп од Хари Потер.
Познатиот велшки фудбалер на Арсенал, Арон Рамзи постигна гол во саботата во ФА купот против Сандерленд и ја продолжи мистеријата која започна како црн хумор, дека после секој негов гол умира некоја позната личност.
Уредувачите на ЈуТјуб каналот на Арсенал дошле до идеја да поиграат со играчите од првиот тим, кој наседнаа на неколку прашања и провокации од децата навивачи на Топџиите. Мертесакер не бегал од часови.
Проектилот на Арон Рамзи на синоќешниот дуел против Галатасарај леташе 26 метри со брзина од 86км на час, а за да стигне до гол му беше потребно само 1,1 секунда.
Фудбалерот на Арсенал мора да престане да дава голови. Истражувачи на интернет кои се бават со категоријата „на денешен ден“ сакаат да нè убедат дека неговите голови се поврзани со смртта на познати светски имиња од разни сфери.