Играчите на Арсенал, Џек Вилшер, Ектор Белерин, Пер Мертесакер и Калум Чемберс еден по еден доаѓаа на состанок и интервју со децата кои навиваат за нив. Стандардно, очекуваа прашања од типот: Кој ти е идол од детството? Омилена финта? Кој ти е најубав гол? Која е тајната на успехот? Но тоа го немаше.
Раководителите на официјалниот канал на Арсенал на ЈуТјуб со помош на децата ги ставија првотимците во многу незгодна позиција.
За почеток децата ги изненадија испитаниците со нескриено жалење што нема да може да разговараат со Арон Ремзи и Месут Озил. После тоа следуваше артилерија: „Како се вика гол на велшки јазик?“, „Во која година е основан Арсенал?“, „Продолжете ја низата броеви 1, 8, 27...“, „Кој е главен град на Намибија“? Само кај Мертесакер се гледа дека не бегал од часови.