Во хотелот Раидосн во градот Анверс каде што престојувал Раџа Наинголан, ден после одложената пријателска меѓу Белгија и Шпанија, гостите повикале полиција поради „сомнително лице кое чува некои предмети“ во собата. А таму Раџа Наинголан, еден од најдобрите фудбалери на Рома.
Откако сите фудбалери заминале во свој правец, Наинголан отишол во родниот град Анверс каде одморал со семејството и пријателите пред да се врати во Рим.
Неговиот невообичаен изглед со десетици тетоважи по целото тело и вратот убедило неколку гости во хотелот во паника да викнат полиција. Кога агентите дошле веднаш го препознале Наинголан, му се извиниле за непријатниот настан и му побарале заедничка фотографија. После фотографијата завршила епизодата, пренесува сајтот AD.nl.
Да неа беа драматичните настани во Париз, целата приказна ќе била симпатична за раскажување, особено што гостите непрестано ѕвонеле во полиција и барале од рецепционерот да викне помош, затоа што има терорист во хотелот.