Шестмината ѕвезди од Серија А кои од маалски фудбал стигнале до ЛШ и ЛЕ

УЕФА интервјуираше шестмина славни фудбалски имиња, по еден од секој италијански тим кој сезонава е дел од европските натпреварувања. Не им било на сите лесно на почеток. Некој можел да заглави во лошо друштво, а друг воопшто да не заигра поради висината.

Џорџо Кјелини (Јувентус)
 
„Кога одев во градинка, мојот најдобар другар играше кошарка. Сакав и јас да го правам тоа за да бидам со него, но во школата за кошарка не примаа деца од 5 години. Така со мојот брат близнак се запишавме во една фудбалска школа и така почна појата приказна која ме донесе до тука. Најубаво ми беше кога се фрлав во кал и со огромна радост чекав да ми почнат тренинзите. Потоа едвај чекав таков калосат да влезам цел под вода. Се сеќавам дека од градинка секогаш ме земаше баба ми. Ова се моите неизбришливи спомени од моите први фудбалски години“.

Раџа Наинголан (Рома)

„Имав тешко минато, со посебни и не баш добри пријателства. Како растеме, така зрееме и тие искуства во животот ми помогнаа да станам посилна личност и да сфатам дека во животот може и да се погреши. На училиште не ми одеше баш и имав среќа што можев да дојдам во Италија да играм фудбал. Ова беше мојот спас и истовремено ново животно искуство. Не ми беше лесно да си заминам од мојот град и по шест месеци сакав да си одам дома. Но сепак останав и на крај тоа бепе мојот вистински избор“.

Лоренцо Инсиње (Наполи)

„Како дете бев на разни проби во неколку клубови, но секаде ме отфрлуваа и ми велеа дека сум добар, но премногу низок. Во еден момент размислував да прекинам со фудбал, бидејќи секогаш го добивав истиот одговор. Но заиграв во една школа, таму израснав и на крај конечно добив можност да одам на проба во Наполи, чиј дрес го носам и сега. Играњето со Наполи на овој стадион беше мој детски сон кој успеав да го остварам. Затоа го носам овој дрес со гордост“.

Чиро Имобиле (Лацио)

„Јас сум смирена и друштвена личност и секогаш се трудам да се и надвор и внатре на терен. Моите идоли од детството беа Дел Пјеро и Трезеге, кога беа фантастичен тандем на Јувентус. Имав среќа да играм заедно со Дел Пјеро и се обидов да научам се од него, бидејќи освен што беше голем играч, тој исто така е фанстастична личност“.

Џиџо Донарума (Милан)

„Почнав да играм фудбал на терен со тврда подлога и секоја парада беше удар за мене. Тоа ми помогна многу за да пораснам. Уште од дете навивам за Милан и секогаш го следев на тв. Секој меч беше дома војна, ако погрешена пенал почнував да плачам. Мајка ми е од Неапол и кога не играше Милан го гледавме Наполи“.

Алехандро Гомез (Аталанта)

„Кога почнав со фудбал, мојата цел беше да стигнам до аргентинското првенство со клубот од мојот град. Дури подоцна сфатив дека сакам да играм во поголема конкуренција и почнав “да гладувам“ за фудбал на повисоко ниво. Никогаш не сум имал сомнежи за моите квалитети, дебитирав за првиот тим на 17 години, но бев дел од екипата уште на 15 години и фудбалот отсекогаш ми беше сон. Се борев да стигнам со највисоките нивоа и можам да кажам дека се подготвувам за цел живот“.