Требаше да биде еден од топ засилувањата кое ќе даде стабилност во среден ред, но кај Наинголан нема ни С од стабилност, барем што се однесува до карактерот.
Само два-три дена откако Интер соопшти дека Белгиецот нема да биде во состав за следното коло од Серија А поради дисциплински мерки, откриен е нов скандал по кој прашање е дали тој воопшто ќе остане член на клубот до крајот на сезоната.
Новата епизода со Наинголан е посериозна бидејќи се работи за аудио пораки на WhatsApp на кои тој зборува со некој против клубот и навивачите, а потоа најавува дека ќе направи хаос за да го избркаат по што ќе се надева на кам бек во Рома со помош на Тоти.
„Со оглед на тоа што ми е пријател Тоти, можеби тој ќе притисне. Но прво треба тука да направам хаос за да можам да си одам, ме сфаќаш?“
„Мајко мила, не можам веќе да седам тука, сакам да се вратам“.
„Вака само ми прават за да си одам, ама добро, јас сепак секогаш сум ги покажувал квалитетите на терен по што можат само да молчат. Ако уште малку ми се качат на глава, некои Интеристи ти се колнам дека ќе ги дигнам на клоци“.
Сега на потег е раководството на Интер кое треба да каже што понатаму со овој играч кој се сврте и против навивачите и против клубот од кој зема плата.
Од Интер не сакаа да соопштат кои дисциплински мерки ги прекршил Наинголан во деновите кога го спремаа мечот со Наполи, а се појавија муабети дека задоцнил на тренинг бидејќи претходната ноќ заглавил во диско.
Ова не е ништо ново од проблематичниот Белгиец кој не беше повикан ниту за репрезентација на Мундијалот во Русија. Еве што правеше за нова година, по што плати дебела казна.
А како само го пречекаа навивачите на Интер кои сега сака да ги дигне на клоци.