"Поголем дел од парите што ги добивам (од спотовите за Неспресо), ми одат за одржување на сателитот кој ја мониторира границата меѓу Северен и Јужен Судан за да го држиме на око диктаторот Омар ал Башир и неговата озглогласенја армија", обелодени 52 годишниот актер на една дешавка на Неспресо во Париз.
Сателитот е дел од неговиот Sattelite Sentinel Project кој го има основано во 2010-та година по една посета на јужен Судан во која се има уверено во ужасните злосторства во тој регион кои минуваат неказнето заради недоволното внимание и заинтересираност на западната јавност за овој дел од светот.
Со години тој е гласен противник на насилствата во Судан а минатата година беше и уапсен протестирајќи пред суданската амбасада во Вашингтон.
"Фер е да го ставиме диктаторот пред камери", рече Клуни признавајќи дека не му пречи што Башир тоа го смета за шпиунирање.
"И јас сум пред камери што и да направам. Добредојде во мојот живот, диктатору,' му порача Клуни.
Ал Башир е осомничен за воени злосторства поради предводење на геноцидот во Дарфур, но апелите за негово апсење засега се залудни.До 2005-та година, во масакрите во Судан загинаа неверојатни 2 милиона луѓе. Клуни вели дека неговиот програм е многу успешен во следење на активностите во ризичниот граничен појас.
"Идејата ни е да го држиме Башир под постојан притисок. Вклучените рефлектори не значат дека тој ќе престане ама сигурно ќе му ја отежнат работата," изјави Клуни.