Отказ каков што заслужува секој политичар

Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.

Станува збор за човекот за комуникации на О’Мара, Гарет Арнолд, кој на Твитер сметката на својот шеф ја испорача следнава тирада:

- Тимот за комуникации се отпишува... засекогаш: Џаред ти си најодвратната морално банкротирана личност со која некогаш сум имал незадоволство да работам. Тебе не ти е гајле за избирачите. Тебе не ти е гајле за никој друг освен за самиот себе.

- Не можам и нема да те бранам тебе и твојот одвратен, неоправдан презир за луѓето што те гласаа. Себичен дегенерик.

- Се плашам дека сега (како што давам отказ) и остатокот од персоналот ќе си замине и ти повторно ќе се затвориш во твојата канцеларија и ќе престанеш да им помагаш на сите други но и понатаму ќе земаш плата се додека не собереш храброст да свикаш вонредни избори за твојата позиција.

- Оставајќи ги гласачите повторно очајни да имаат човек што ги претставува. Без разлика дали некој им го одзел домот, ги нарушил нивните слободи или се депортирани заради тоа што ништо не си преземал.

- Шефилд Халам заслужува многу подобро од тебе. Ти прокоцка шанси за кои луѓе не ни сонуваат.

- Сметај го ова за моја оставка.

Благодарам,
Гарет Арнолд

26 јули 2019 - 10:36