Таг: Парламент

Французите се мислат дали да им забранат на парламентарци пијанчење на работно место

Откако парламентарната дебата околу клучните пензиски реформи почнаа да ја тераат на пијано, па тоа веднаш се претвори во бараж на навреди и изливи на емоции, Франција е на памет дека народните пратеници можеби треба да бидат трезни бар додека се во парламентот.

Отказ каков што заслужува секој политичар

Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.

Петиција против „расистички“ мурал во францускиот парламент

Двајца француски професори покренаа петиција за остранување на сликата која го комеморира укинувањето на ропството, а е поставен во нивниот Парламент, затоа што бил расистички, понижувачки и дехуманизирачки во однос на црнците.

Италија би да воведе закон против парламентарци-преселници

За следните избори во Италија се пријавени 98 партии и движења, и колку и да изгледа голема бројката ова е над 50% помалку од 219-те партии и движења кои беа пријавени на претходните избори. Сепак она по што последниот италијански парламентарен состав влегува во историјата е бројот на селења на пратеници од една во друга партија.

Парламентарците на Макрон како да се ликови од книги

Во неделата партијата на францускиот претседател постигна голема победа на парламентарните избори. Еден од неговите адути - кандидати кои собрани на куп, делуваат како ликови од некој необичен француски роман.

Алкохолот остана бесплатен во белгискиот парламент

Сложно како во ретко кои прилики, белгиските парламентарци го одбија предлогот за укинување на бесплатното пиво и вино кои ги добиваат за да не мораат да ги напуштаат пленарните седници.

Руските комунисти ќе бришат делови од FIFA 2017 поради геј пропаганда

Пратеници од Комунистичката партија на Русија доставиле барање до Роскомнадзор (Федерална служба за надзор во сферата на соопштенијата, инфорамциските технологии и масовните комуникации) програмерите да направат промени во видео играта ФИФА 2017.

Шкотски пратеник пред отказ, судел Лига на шампиони воочи седница

Даглас Рос, еден од подобрите шкотски линиски судии, кој беше помошник на мечот Спортинг Лисабон - Реал Мадрид во вторникот, би можел да го загуби пратеничкото место во Парламентот затоа што пропуштил важна седница.

Украинска дебата за и против корупција

Во оделото е Вадим Ивченко од Татковинската партија, бизнис-кежуал е Јегор Соболев од централно-десничарската партија Самопомоч, темата им е законот против корупција.

Употребата на санскрит како политички чин

Најмалку дваесетина новоизбрани членови на индијскиот Парламент ги положија своите заклетви на санскрит. Зошто е тоа интересно? Затоа што никој од нив реално не го употребува јазикот во секојдневниот живот. Нешто како во вицот: „Зборува есперанто како да е таму роден".

Кечер во парламентот

Еден од овие двајца ликови на сликата само што влезе во германскиот Парламент. За среќа, оној лево.

Pussy riot

Селма, молим те... не нагињи се кроз прозор...Јер, све што ќе видиш е протест без п, трудни жене на свак корак, контрацепцију од 600 денара, психијатри што ќе советуев жене у абортус намере, Владике сас повише соберен виски него власт у време на прохибицију, новинари што ги нигде нема, Заеб на чело на левицу, и десницу што ми у очи ми кажује он'ј дн дека, сполај на партију, трите деца од дома си имав добру работу. Ама си имале факултет, затоа...

Пратеничко столче на раздорот

Уште не собран, српскиот парламент е на раб да биде блокиран заради тоа што пратениците не можат да се договорат кој каде да седи.

Предлог закони на клик

Во иднина секој жител на Финска на интернет ќе може да предложи закон и доколку се исполнат одредени услови финскиот парламент ќе мора да го разгледа предлогот.

Парламентарна битка за салатата

Во онаа намачена и јадна Босна, нема тема што не може да се искористи за закачки на национална основа. Последниот повод за скандализирање на јавноста доаѓа од Парламентот, поточно од неговото бифе.