За одлуката сериозно придонесува и тоа што пратениците во повеќе наврати го имаат пресушено службеното бифе, а дел од нив се начекани и како повраќаат во корпите за отпад.
Британски Телеграф пренесува за случаи кога пратеници пиеле шампањ од 11 часот наутро до 3 часот по полноќ, а еден пијан пратеник келнерите морале да го креваат од патос.
До сега пратениците може да купат алкохол од бифето на приземјето на зградата во која е сместено Народното собрание, кое е отворено исклучиво за пратениците и работи додека траат седниците.
Првично намерата била пиењето да се забрани по 21:30 часот, но „експертите“ го коригирале ова објаснувајќи дека и онака пикот е меѓу 20 и 21:30 часот.