Матијас Илген (29), кој во рингот се тепа под името Матијас Рудигер Фрајер фон Илген, влезе во Бундестагот како претставник на Социјал-демократската партија.
Во рингот настапува како некаков зол лик во приказна која се одмотува од меч во меч. Името го презел од неговиот прадедо, Хајнрих Рудигер фон Илген, пруски министер за надворешни работи во времето на Бизмарк.
„За мене, Социјал-демократите секогаш се добрите во политиката, затоа што рамномерно го распределуваат богатството на оние на кои им е потребно. Моето алтер-его го претставува сето она зад што не стојам политички: грозен сноб кој потценува секого", изјавил тазе парламентарецот.
Борењето според него е одлична вежба за кариера во политиката, бидејќи помага во „задебелување на кожата" - дури и крајно негативните реакции на гласачите не би можеле да го повредат повеќе отколку што го повредуваат неговите противници на сцената. Единствено е загрижен што во текот на кампањата качил 20 килограми, и сега ќе мора на диета пред да почне повторно со настапи.