Видео играта FIFA 2017, како и сите досегашни има неколку багови (непредвидливи проблеми) на кои има експлицитни сцени од хомесксуалност и фудбалери кои се бакнуваат во уста на сред терен.
Од таа причина комунистите во Русија побарале ревизија пред играта да се пушти во продажба (веќе е пуштена одамна во продажба), а поддршка за вакво барање имаат и од пратеници на партијата Единствена Русија чијшто претседател е Владимир Путин.
Но баговите всушност немаат ништо со нивното барање. Пратениците од КПР биле огорчени што на секој играч на видео играта FIFA 2017 му се овозможува да ја поддржи акцијата „Дрес и врвки од виножито“ во која клубовите, фудбалерите и судиите може да бидат облечени во шарени дресови во боите на виножитото, да имаат такви врвки на копачките. Тоа според компанијата ЕА Спортс е за цел да се промовира рамноправноста во спортот.
Оваа акција е од англиската Премиер лига, а ЕА Спортс само ја поддржува.
„Никаде на нивниот сајт, ниту на самата видео игра не стои знакот за забрана за годишна возраст +. Согласно законот за зашитата на децата и малолетниците од нетрадиционални сексуални вредности, бараме од раководителот на Роскомнадзор, Александар Жаров да го разгледа нашето барање за преиспутување на некои елементи од играта“, вели Валериј Рашкин, пратеник на КПРФ.
FIFA е игра од серијата симулациски фудбал која што ја разработи студиото ЕА Canada, коешто е во состав на корпорацијата Electronic Arts (ЕА Спортс). Симулацијата FIFA излегува уште од далечната 1993. година, а од 27. септември се појавила и во Русија.
Баговите кои ја запрепастија јавноста: