Таг: кпр

Едниот го прати по хамбургер, а другиот по крем банани

Фудбалерите на Брентфорд беа доста расположени за мајмунлаци, а тоа најдобро го осети на своја кожа КПР.

Партизан се има вратено од 6:2

Ретко кој верува дека Рома може да направи две чуда по ред, ама во историјата стојат и не се забораваат некои луди пресврти. Фудбалерите на Партизан не загубија 5:2 како Рома од Ливерпул, туку 6:2, а на реваншот тепаа 4:0. Се работи за двомеч против КПР во второто коло од Купот на УЕФА во сезоната 1984/1985. Знаете кој го освои? Реал Мадрид.

Најголемиот идиот меѓу англиските навивачи

Маргарет Тачер пред едно три децении “ги смири“ хулиганите во Англија со носење на строги мерки. Ама тоа ги смири оди секако во наводници, бидејќи знаете како велат, шум на ум не се лечи.

Манчестер Сити од едно друго време и со една друга игра

Премиер лигата се формираше во 1992-ра и веќе следната година добија 20 секунди фудбал кој ако ги погледне човек ќе помисли дека гледа аматери. Фудбалерите на Манчестер Сити се бранат против КПР на најочаен можен начин и прават грешки како тој ден прв пат да гледаат топка.

Најголемиот талент кој Фергусон го видел стана второлигашки бандит

Во 2011-та Рејвел Морисон бил ѕвезда во младинците на Јунајтед и човек поради кого Фергусон не го приметувал Погба. Французинот сега вреди 90 милиони фунти а Рејвел игра во втора лига. Зошто?

Руските комунисти ќе бришат делови од FIFA 2017 поради геј пропаганда

Пратеници од Комунистичката партија на Русија доставиле барање до Роскомнадзор (Федерална служба за надзор во сферата на соопштенијата, инфорамциските технологии и масовните комуникации) програмерите да направат промени во видео играта ФИФА 2017.

Северноирскиот Варди кој работел како поштар ќе игра на ЕП

Пред четири години Конор Вошингтон разнесувал пошта во рани зори, а сега ќе биде еден од главните играчи на Северна Ирска на Европското првенство.

Џое Бартон подобро верувај во Господ

Познатиот фудбалски силеџија, Џое Бартон на Твитер ја отвори душата и напиша дека не верува во Бога. Репликата која му стигна во коментар на тој пост ја изнасмеа пола Европа.

Апетитот во кариерата на Адел Тарабт

Контроверзниот плејмејкер повторно е обвинет дека е дебел за да игра фудбал на високо ниво, поради што го критикуваа и во КПР и сега во Бенфика која сака да го раскине договорот со него.

Жонглерските способности на Стерлинг на 15 години

На 7 години од Јамајка дојде во Англија и почна да игра фудбал во школата на Квинс Парк Ренџерс. Замина за Ливерпул каде играше 5 години, а летово стана најскапиот англиски фудбалер во историјата откако потпиша со Манчестер Сити за 49 милиони фунти.

Кој е кој меѓу лондонските фудбалски навивачи

Во главниот град на Англија секој навивач има омилен тим, а изгледа дека многумина го одбрале својот врз основа на репутацијата која навивачите на тој тим ја изградиле во тепачките со ривалите во седумдесетите и осумдесетите години.

Да разјасниме за голот на Свонси

Фудбалерите на Свонси вчера го совладаа Квинс Парк Ренџерс со 2:0, а тие кои ја играле 1 со 3+, 1-1 3+ или 3+, сто посто пцуеле во кладилница за спорниот момент во 38 минута.

Англиски второлигаш троши повеќе од Борусија Дортмунд

Финансискиот извештај на второлигашот Квинс Парк Ренџерс ги шокираше Англичаните.

Тарабт казнет затоа што не сакал да се мери

Еден од најдобрите играчи на Квинс Парк Ренџерс, Адел Тарабт демонстрираше редок случај на недисциплина во клубот и поради тоа си доби висока парична казна од 60.000 фунти.

Офсајд лик на неделата: Питер Одемвинге

Оваа недела наш омилен лик за сеир е соиграчот на Горан Попов од ВБА, Питер Одемвинге. Нигериецот толку многу сакаше да го напушти клубот, што без никаква дозвола синоќа отиде во просториите на КПР, но тие таму не му отвориле врата.

Реми потпиша за КПР заради игрицата FIFA

И покрај тоа што Марсеј ја прифати понудата на Њукасл и тој требаше да биде замената на Демба Ба, напаѓачот Лоик Реми реши да потпише за фенерџијата КПР. Причина за овој трансфер е една партија на игрицата FIFA со газдата на клубот.