КПР го сруши својот клупски рекорд со трансферот на Лоик Реми кој премина од Олимпик Марсеј за 8 милиони фунти, но не беа доволни само парите за да се убеди талентираниот фудбалер да потпише за последно пласираниот во лигата во момент кога за него беа заинтересирани и други поголеми екипи.
Одлучувачкиот фактор за неговиот трансфер во КПР била една партија на видео играта FIFA 13 одиграна против газдата на клубот, Тони Фернандес.
„Тоа беше посебен момент. Одигравме само една игра на FIFA и тоа ми покажа колку добра личност е Тони. Тој ја покажа својата човечност и другата особина на сопственикот на клубот за кој што јас сакам да потпишам", изјави Реми за клупската вебстрана.
Реми играл со Баерн Минхен и со 6:0 ја победил репрезентацијата на Аргентина со која играл Фернандес. Реваншот завршил со 4:4 и на крајот Реми победил по пенали.