Фудбалерот од Мароко од непознати причини го одбил својот клуб и не сакал да ја измери својата тежина. Покрај тоа, тој задоцнил и на тренинг, па за двата прекршока од клубот одлучиле да му одредат "солена" парична казна во износ од 60.000 фунти.
23 годишниот Тарабт кој беше поврзуван со трансфер во Милан со оглед на ваквата недисциплина која не сме ја слушнале за некој друг фудбалер, се уште е непознато дали ќе остане во тимот кој наредната сезона ќе се натпреварува во втората англиска лига.
Адел Тарабт го пропушти последниот натпревар за оваа сезона од Премиер лигата против Ливерпул затоа што мораше да замине на погреб кај неговата баба.