Резултатот од 3:0 за гостите на мечот КПР - Мидлсброу во Чемпионшип лигата викендов беше во втор план, бидејќи насловните страници во англискиот печат “ги украде“ еден цреп на кој веројатно ќе му преостане да гледа фудбал единствено на тв со баба му.
Навивачот на Мидлсброу немаше попаметна работа, па привилегијата да седи позади гол ја искористи да го украде шишето на голманот на КПР, да се измоча во него и потоа да го врати на место.
И нели бидејќи на телефоните “нема камери“ во денешно време, тој практично сам себе го убиел.
Цела Англија се згрози од чинот на торкото кој е уапсен од страна на полицијата и за кој сигурно ќе следува доста строга казна.