Англиски второлигаш троши повеќе од Борусија Дортмунд

Финансискиот извештај на второлигашот Квинс Парк Ренџерс ги шокираше Англичаните.

Малезиецот Тони Фернандез од 2011-та година вложувал огромни суми во Квинс Парк Ренџерс, но без резултат.

Само минатата година на плати на фудбалери биле вложени вкупно 68 милиони фунти, што е повеќе дури и од платите на фудбалерите на Борусија Дортмунд - финалистот од Лигата на шампиони.

Но сите тие вложувања им беа за џабе затоа што КПР испадна од Премиер лигата и минатата сезона ја заврши со долг од 65,4 милиони фунти. Вкупниот долг на клубот сега изнесува 177 милиони фунти.

Доколку наскоро не се намалат долговите, КПР може да заработи голема парична казна или забрана за нови трансфери.

7 март 2014 - 13:56