Северноирскиот Варди кој работел како поштар ќе игра на ЕП

Пред четири години Конор Вошингтон разнесувал пошта во рани зори, а сега ќе биде еден од главните играчи на Северна Ирска на Европското првенство.

Поштар и аматерски играч за време на Европското 2012, а сега репрезентативец на Северна Ирска на Европското 2016.
 „Не се штипкам некое време да видам дали е реалност. Се штипкам цело време“, вели Конор Вошингтон чија сторија потсеќа на бајката на Џејми Варди.
Во летото кога Шпанија направи хет-трик на освоени Европски првенства а Лестер Сити го сруши клупскиот рекорд кога даде милион фунти за играчот Џејми Варди од полу-аматерскиот Флитвуд Таун, напаѓачот на Квинс Парк Ренџерс тогаш носел пошта по домаќинствата во Јужна Англија и играл за аматерскиот Сент Ивес Таун. Потоа од таму се преселил во Њупорт на кој му помогнал да влезе ранг погоре, а подоцна од Питерборо за кого дал 33 гола на 94 средби преоѓа во КПР.
 
Мајка му е Англичанка, татко му Шкотланѓанец, меѓутоа агентот на фудбалерот, Кевин Николс му сугерирал на селекторот на С. Ирска Мајкл О’Нил дека баба му на Вошингтон е родена во Северна Ирска.
 
Вошингтон ја сменил перцепцијата на Англичаните дека во пониските дивизии нема таленти. Варди и компанија се одговорни што сега веќе не е потешко да станеш професионален фудбалер отколку системски оператер во службата за безбедност како некогаш.

 „Варди е дефинитивно инпсирација. Луд е оној кој ќе каже поразлично. Луѓето ги сакаат него, Чарли Остин, кој го напушти КПР пред јас да дојдам, Андре Греј кој игра неверојатно во премиерлигашот Барнли. Сите тие ја отворија вратата за играчи како мене. Пониските лиги сега се многу почитувани и луѓето почнуваат да сфаќаат дека со малку поуспешна тренерска работа може да се изродат многу репрезентативци како Варди“, вели напаѓачот на Северна Ирска.
24-годишниот Вошингтон влегол подоцна во селекцијата на С. Ирска за ЕП 2016. Центарфорот бил викнат за дебито и за првпат во март го посетил Белфаст од каде што е баба му, веднаш по квалификациите за ЕП. Дебитираше на преполниот Виндзор Парк со прекрасен гол во триумфот над Словенија а на четири настапи даде вкупно два гола за селекцијата предводена од Мајкл О’Нил.

Во јануари годинава од Питерборо преминал во КПР за 2,8 милиони фунти.

„Лудо е кога ќе помислам дека за само четири години се случија толку многу нешта. Станував во 5 наутро и потоа носев пошта до 6 изутрина. Настапував на неколку натпревари од ФА Вејз Купот каде ги играв најголемите мечеви во мојата кариера против деветолигаши", се сеќава Вошингтон кој ќе игра во Лион за својата репрезентација во група со Германија, Полска и Украина.

Поштата можеби не ја доставувал навремено, но на крајот стигна на време каде што треба.