Во англиската Лига 1 (трета во хиерархијата), Ипсвич Таун изгуби дома 0-1 и тоа поради смешниот автогол на Марк МекГинис во 69' минута од мечот. Да сакаше да ја удри вака немаше да успее.
Јунакот на неделата во англискиот фудбал е Стивен Тејлор. Тој има 13 годишен стаж со Њукасл во Премиер лигата, но е дечко без комплекси. Спаси натпревар во трета лига со лопата.
Фудбалерот од средниот ред на Питерборо, Мајкл Боствик стана можеби најголемата жртва на модерниот тренд на дречливи гостински дресови. Боствик не знаеше дали да го пцуе редарот или бојата на дресот на мечот против Нортемптон.