Главен проблем се Демократите, кои одбиваат да седат на местата кои некогаш беа зафатени од Радикалите на Шешељ. Другите парламентарни групи се разбрани.
За решавање на проблемот е отворена архивата за распоредот на седење од 1900-та до почетокот на Втората Светска војна, плус и распоредот за седење во парламентите на другите држави.
Сега предлогот е пратениците на најсилната партија во власта да седат на левата страна (гледајќи од кај претседателот на собранието) а најголемата опозициона партија на десната страна. Измеѓу ќе седат пратениците од помалите партии.
И покрај ова Демократите го одбиваат предлогот, порачувајќи и на владејачката партија "Не е компромис да седиме таму кај што вие сакате."