Благодарејќи на екстремно ревносниот шеф на ресторанот на босанско-херцеговските парламентарци, во последно време во шопската салата се ставаат енормни количини сирење, само за да не можат некои од келнерите да го извадат сирењето и истата салата да ја понудат како - српска салата.
Првиот човек на бифето, извесен Рифет Гагула, забележал дека некои келнери се склони кон вакви "диверзии" кога ќе им биде нарачана српска салата па ги свикал вработените и јасно им дал до знаење дека српска сaлата нема да се служи таму додека е тој жив.
За ваквото протерување на неподобните јадења, анонимни извори во ресторанот го обвинуваат Драган Савиќ, еден од претходните менаџери (инаку Србин,) кој наводно со прст не мрднал да се вметнат српските јадења во менито на ресторанот.
Во ваквото 'деконтаминирано' мени сега царуваат беговата чорба, сараевскиот ќебап, како и босанскиот гулаш за кој не е јасно кога го напуштил своето старо унгарско потекло.