Натпреварот помеѓу Градина и Брчко во кошаркарското првенство на БиХ донесе една скроз нетипична сцена. За време на химната, првиот во редицата кој се вика Душан Илиќ, се држи со рацете онаму каде што обично никој не се држи во таков момент. Гестот во БиХ го опишуваат како скандалозен, бидејќи Илиќ е роден во Република Српска и не му чуе за босанската химна.
Вележ од Мостар ја совлада Слога Добој во Купот на БиХ со 3:0, иако искрено не ни е јасно како. За да создадат услови за игра, царевите решаваат да го отсранат снегот со трактор, кој му влегува на теренот и го прави масакр.
Големи инциденти можеа да се забележат синоќа на мечот меѓу Романија и БиХ. Домашните навивачи ги провоцираа гостите со скандирања за Србија по што настана групна тепачка. Инаку БиХ загуби 4:1, но остана прва во група, а Романија последна.
„Дали Евробаскетот би ги променил нашите политичари? Нив војната не ги промени, а ниту пандемијата. Мислам дека ништо не може да се направи, дури и злато ако освоиме“.
За кусо време се случија две сензации на Европското во кошарка. Белгија го изненади актуелниот светски првак Шпанија, а БиХ истото му го стори на европскиот првак Словенија. Лука Дончиќ потврли.
Фудбалскиот клуб Сараево денес одбележува 34 години од смртта на нивниот најголем играч во историјата по кого е наречен стадионот на кој се играа Зимски Олимписки Игри 1984.
Со двата гола на Џеко, селекцијата на БиХ ја совлада Северна Ирска на синоќешните средби од Лига на нации. Но голгетерот на Рома, сепак заслужи да запише хет-трик. Погледнете што смислија од слободен удар со Пјаниќ. Реал и Барса го немаат направено ова.
Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен раскажа низ колку тежок период поминал во детството кога избила војната во Босна и Херцеговина.
Минатата сабота сараевскиот Жељезничар одигра само 0-0 на гостувањето кај Младост, а поради таквиот епилог на еден нивен навивач му се слошило по што викнал Брза помош која што ја чекал цел саат. На крај решил да им покаже како се работи.
Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги загубија шансите да се пласираат на Евробаскетот откако синоќа во Тузла вторпат загубија од Русија (78:67), но полошо од тоа делуваа сцените пред крајот на мечот кога капитенот Мирза Телетовиќ вербално го нападна младиот Муса.
„Руд, тенк ју фор апсеншн гравитејши - рај, мај ом виен ти", му кажа коментаторот на ОБН од БиХ, Сабахудин Саша Вугдалиќ на Руд Ван Нистелрој еден од најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите.
По ремито 1:1 на првиот дуел, Ирска со 2:0 ја совлада БиХ на реванш средбата од плејофот за Европското првенство и обезбеди пласман во Франција. Гостинските навивачи не ги испочитуваа до крај жртвите од терористичките напади во Париз.
Поранешниот репрезентативец на Југославија, Мехмед Баждаревиќ со триумфот над Кипар на гости ја однесе БиХ во баражот за ЕП 2016, а на прес конференцијата сакаше да направи селфи со еден од новинарите.
„Фудбалерите на Зрински го поразија Радник со 0-0“, изјави убавата Аднана во прегледот на 10. коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина и комотно го продолжи дневникот.
Во рамките на 6. коло од квалификациите за ЕП 2016, вечерва играат БиХ и Израел, но амбиентот во Зеница повеќе наликува на воена зона отколку на фудбалски меч.
Со последните четири тренерски смени во фудбалското првенство на БиХ, бројката на отпуштени тренери во една сезона се искачи на 25 и тоа за само 24 кола или речиси по еден неделно. Шест екипи смениле по тројца тренери, а сезоната не е завршена.
Во ситуација кога немаше со кои да ја измерат машкоста, навивачите на БиХ им се придружија на група мирни Палестинци кои протестираа во Виена и заедно со нив скандираа против Евреите. Парадоксот да биде поголем, претходно свртеа едно оро и сè делуваше како песна.
По победите против Тунис и Иран, четата на Ивица Обрван ја збриша и селекцијата на БиХ и со максимален ефект од три победи на три средби веќе обезбеди пласман во следната фаза.
Со свечено отворање вчера започна СП во Катар, каде домаќинот го совлада Бразил 28:23. Денес стартуваат натпреварите од првото коло во сите групи, а за нас најинтересна ќе биде групата Б, каде ќе се борат нашите ракометари.
Продолжува гол шоуто на Мундијалот во Бразил кое ни донесе нови 9 погодоци на двата меча во групата Ф. Меси и Муса беа задолжени за тресење на мрежите во Порто Алегре, а фудбалерите на БиХ ја запишаа првата победа на Светските првенства.
Селекцијата на Нигерија по пауза од 16 години успеа да победи во групната фаза на едно Светско првенство во натпревар кој значи елиминација за БиХ, но и судиска неправда за дебитантот на Мундијалите.