Жељезничар сезонава игра променливо а последниот слаб резултат во првенството го забележаа викендов против Младост каде играа без голови.
Еден од членовите на навивачката група „Манијаци“ кои го бодрат овој клуб од Сараево, Атиф Коњевиќ после мечот ѕвонел во Брза помош затоа што му се слошило, но луѓето од Итна ги чекал цеч час.
Него му се слошило околу 2 часот после полноќ кога нешто го стегало во градите затоа што цел ден бил нервозен поради нерешениот резултат на мечот Младост - Жељезничар. Дома бил сам, жена му и синот биле кај нејзината мајка, поради што Коњевиќ малку се испаничил.
За тоа време додека ја чекал Брзата помош на Атиф му било подобро од Трамалот кој го испил, но не им простил на болничарите. Земал палка и ги претепал. За циркусот да биде поголем, ги натерал сите четворица да се качат во неговата кола и ги однел до Ургентниот центар.
Четврочлената Брза помош од градот Сарево се правдала дека имала многу работа вечерта и не можела да постигне, а Атиф сакал да им докаже дека за 15 минути може да се стигне до кај него дома. Во Ургентниот не сакале да ги примат поради тоа што повредите биле од полесна природа и ги упатиле во Домот на здравјето.
Двајца од болничарите поднеле кривична пријава против Атиф, но тој рекол дека не размислува за тоа, туку дали Жељо ќе слави следното коло и ќе се вмеша во борба за титулата.