Ѕверска банана на Нуркиќ кој со дабл-дабл ја сруши Грција

Се разгорува кошарката во финишот од групната фаза. Босанците направија сензација против Грција и им го нанесоа првиот пораз на ЕП.

Кошаркарите на БиХ го приредија едно од најголемите изненадувања на Европското првенство досега. Во натпреварот од 4. коло, го победија фаворитот Грција со 80:77 и со тоа се доближија до пласман во осминафиналето.

Јусуф Нуркиќ повторно запиша дабл-дабл со 18 поени и 10 скока. Роберсон имаше 18 поени, 3 скока и 2 асистенции, а Един Атиќ помогна со 14 поени и 8 скокови

Грците со 3 победи веќе имаат обезбедено пласман во нокаут фазата и на овој меч настапија без Јанис Адетокунбо, кој се пожалил на болки во коленото.

Но, сепак ова е голема победа за Босанците, кои во втората четвртина направија фантастичен пресврт со серија од 18:0.

Ѕверската рампа на Нуркиќ

Стана 10-ти најдобар стрелец во историјата на БИХ.

Дабл-дабл партијата 

Феноменалната серија од 18:0 

3 септември 2025 - 09:27