Забивања, банани, тројки, дриблинзи, асистенции, влезови. Атрактивно беше во четвртфиналната фаза на Евробаскетот од каде се формираа двојките Финска - Германија и Турција - Грција. Од топ 10 потези, четири се на Финците.
Пољаците го забележаа првиот пораз на ЕП од силната Франција, но знаеа уште во старт како да ја забавуваат домашната публика. Сте виделе ли некој вака да влезе на кошаркарски натпревар, уште во првата акција од мечот?
Србија ја продолжи низата на победи, а во третиот меч на Европското ја совлада Летонија со 84:80. Светислав Пешиќ се изнервира на пресот поради прашање на српски новинар до Огњен Добриќ за наводен инцидент со летонскиот селектор Лука Банки.
Србија стигна до 3 од 3 на Евробаскетот. На третиот натпревар ја совладаа Летонија со 84:80 и скоро пола од поените се на Никола Јокиќ, кој пружи доминантна и рекордна партија со 39 поени, 10 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки. Откако Србите играат на Европско како независна држава од 2007-ма, ова е рекорд на поени. На второ место е повторно Јокиќ со 32 поени против Италија 2022, исто колку што дал и Милош Теодосиќ против Словенија 2009-та.
Уште во првото коло од групата Ц се случи големо изненадување на Евробаскетот. Поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ слави голема победа над Шпанија.
Кипар, Финска, Летонија и Полска ја имаат честа да го организираат 42. Европско кошаркарско првенство. Ќе учествуваат 28 НБА ѕвезди. Србите се фаворити за златото.