Шенгун незадржлив за Србите, прв пораз на Јокиќ и другарите

Алперен Шенгун ја доби „НБА пресметката“ со Никола Јокиќ во дербито на групата А на последниот меч од групната фаза.

Кошаркарите на Турција ја добија Србија во последното коло со 95:90 и со пет победи завршија први во групата А.

23 годишниот Алперен Шенгун беше играч број 1 на натпреварот со 28 поени, 13 скокови и 8 асистенции.

Центарот на Хјустон доби голема помош од Ларкин кој запиша 23 поени и 9 асистенции и охриѓанецот Чеди Осман со 16 поени.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 22 поени, 9 скока и 4 асистенции, Гудуриќ постигна 12, а Петрушев 11 поени.

Алекса Аврамовиќ поради повреда го напушти мечот на крајот од првиот дел.

За Турција ова е прва победа над Србија после Светското првенство во 2010 година. 

Во осминафиналната фаза, Турците ќе вкрстат со Шведска, а Србите со Финска. 

4 септември 2025 - 07:52