Даглас Рос е MP (Member of Parliament), пратеник на Конзервативната партија кој воедно е и признат европски линиски судија. Во вторникот Даглас Рос бил пред важна одлука - да го суди дербито Спортинг - Реал Мадрид во Лигата на шампионите или да оди на заседувањето на Шкотскиот Парламент.
Откако се решил за онаа поубава работа во Лисабон каде Кристијано Роналдо, Бејл и Бензема го победија Спортинг со 1:2, сега е на голем удар на другите партии да даде отказ.
Не било првпат парламентарецот Рос да ја занемари работата во Парламентот за да суди на фудбалски меч каде заработувал околу 40.000 фунти годишно или далеку помалку од она што го зема како пратеник. Во септември Даглас Рос бил отсутен од седницата на Одборот каде неговиот глас бил многу важен, а отсуствувал поради 5-дневен судиски курс во Швајцарија.
Еден од опозициските пратеници во шкотскиот Парламент, Бен Макферсон побарал од лидерот на Тори (Конзервативната партија) Рут Дејвидсон да го отпушти судијата Даглас Рос.
„Ароганцијата и срамното непочитување на Парламентот како законодавен дом од страна на Даглас Рос кој има три работни места е зачудувачка. Последниот пат кога отсуствуваше за да свири, Тори го декларираа како еден слободен ден. Но сега пак се повтори и треба да добие црвен картон“.