Несекојдневна сцена на мечот Реал Мадрид - Реал Сосиедад кој заврши 2:1 за кралевите. Линискиот судија влезе на терен да му ја даде топката на голманот, кој веројатно уште ќе се влечкаше за да задржува време.
Две години изолации, карантини, пандемии, сојеви, не се гледај со овој, не оди на стадион. Ќе ти ибам животот, сега ќе видите вие како ќе си играм на стадион.
Франка Комба е судија со знакот на ФИФА и спортска душа желна за разгибавање и тренинг во оваа необично пасивна фаза од животот. Човекот го фати сафра дома па реши да се облече во униформа и да суди офсајди.
Од младински натпревар во Чешка ни доѓаат скроз неочекувани сцени во кој линискиот судија не знае кај тера и што прави. Човекот нема компас, а не па да знае кај се головите, топката и играчите. Тоталка е у офсајд.
Ќе речеш професионалци се, барем 90 минути можат да издржат или 45 со оглед на паузата, ама ете се случува и тие се луѓе. Баш ради овие работи познаваме еден кој секогаш нарачува кафе со ладно млеко. Инаку ова е мечот Чавес - Национал во првата португалска лига.
Во женското финале на големиот турнир во Мајами, 22-годишната Ешли Барти ја совлада Каролина Плишкова со 7-6, 6-3 и ја освои најголемата титула во кариерата со што влегува во Топ20. А мечот го одбележи еден од линиските судии.
Не му треба него помош од главен или четврти судија, ниту пак од ВАР, ќе си види сам дали е офсајд или не, голем е, само изгледа не добацува до таму. Во бразилската втора лига линиските судии имаат поголема слобода на движење.
Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.
Трчаат праволиниски и треба да отвораат четири очи да не промашат офсајд или друг прекин на игра па во таа ситуација и мафтаат со знамето кое знае да им одлета.
Сте виделе ли до сега некој линиски судија да повраќа на фудбалски натпревар? А сте виделе ли за таков стомачен проблем да добие црвен картон? Се случи во Шкотска на мечот меѓу Данди и Килмарнок, на кој главниот судија ја сврте на шега.
Кога фудбалерот кој се наоѓа во офсајд позиција ќе добие топка од противнички играч без разлика дали е тоа по грешка или намерно, тоа не е офсајд. Тоа го знаеме сите кои пратиме фудбал, а да не збориме за луѓето кои се платени за да пазат на тие правила. Што ли се случи со концентрацијата на судијава на мечот Спарта Ротердам - ПСВ?
Бразилецот кој неодамна од Челси замина во Шангај веќе на дебито покажа колку е добар. Даде гол, имаше асистенција, а линискиот судија ненавикнат на таква техника се сопна.
Даглас Рос, еден од подобрите шкотски линиски судии, кој беше помошник на мечот Спортинг Лисабон - Реал Мадрид во вторникот, би можел да го загуби пратеничкото место во Парламентот затоа што пропуштил важна седница.
На меч во египетското првенство, при резултат 1-1 во 86. минута еден од напаѓачите истрча во контра сам пред противничкиот голман кој мртов ладен 10 метри надвор од шеснаесетникот одбрани со раце, а судиите се направија дека ништо не виделе. А што е најчудно никој од играчите не се бунеше.
Помошен судија во пониските лиги на БиХ никако не можел да го дочека полувремето за да ја задоволи својата пушачка манија па реши да запали додека мавта со знаменцето.
Легија Варшава ја освои титулата во Полска, откако синоќа го победи Погон со 3:0, а главниот ривал Пјаст Гливице загуби дома 0:1 од Заглебје. Момент на мечот во Варшава беше линискиот судија Кухарчик кој покажа дел од умешноста со топка.
Во младинската лига на БиХ на мечот меѓу Зрински и Олимпик Сараево за малку не дошло до трагедија по еден дуел на теренот. Линискиот судија спасил живот на фудбалер.
Неколку пати го гледаме видеово и не сфаќаме дали линискиот судија сигнализира фаул, корнер, замена, аут, пенал или од пусти страв го одбра најлесното решение?
Колку пати ви се случило некој еврогол да ве стане од фотељата, а потоа да кревате раце и да го пцуете судијата што го поништил поради офсајд? Еве ги најубавите голови поништени од разни причини.