При дождливо време кога топката побрзо лизга по тревникот и секој дуел е потенцијално опасен, голманот на Олимпик Ирфан Шеткиќ со колено го удрил во глава соиграчот Белмин Халиловиќ после што овој се онесвести.
Во панична реакција на фудбалерите најприсебно реагираше помошниот судија Дарко Обрадовиќ кој заедно со медицинскиот тим му го спасил животот на младиот Халиловиќ.
„Теренот беше многу воден и лизгав и тоа го предизвика судирот меѓу фудбалерите. Бекот остана да лежи на тревата а по положбата на телото сфатив дека нешто не е во ред. Не е првпат да се среќавам со такво нешто, затоа што и самиот играв фудбал и сум бил во такви ситуации. Притрчав од страв, инстиктивно а низ глава ми минуваше што треба да правам. Играчите и публиката почнаа да паничат. Сите се исплашија. Му пружив прва помош, два пати безуспешно се обидов да му го извлечам јазикот и дури од третиот најсилен обид успеав и си помислив фала ти Боже што испадна како треба“, изјавил младиот судија после мечот.
Халиловиќ ја продолжил средбата, а храбриот помошник судија го добил признанието за спортски херој на месецот.