Учел од татко му
Мајкл имал само четири години кога татко му првпат му објаснувал за офсајд и индиректен удар. Татко му Клајв бил судија во англиската Лига 1 и постојано го носел синчето со себе и му ги раскажувал правилата преку живи примери.
Малиот Мајкл тренирал фудбал во школата на Њукасл но на 14 години решил да стане судија и веќе на 18 како полнолетен судел натпревари за сениори.
Кариерата на Мајкл Оливер, судијата „со две имиња“, како што го викаат денес, тргнала неверојатно: тој во 2005-та му асистирал на татко му, во 2007-ма влегол на националниот список на судии и станал најмладиот судија (22 години) во историјата кој судел на „Вембли“ - делел правда на финалето од плејофот на Националната конференција.
Во 2009-та година на Оливер му го довериле финалето на плејофот од Лига 2 што е најсериозен натпревар во англиските пониски дивизии а веќе следниот дел финалето на Лига 1 го судел татко му.
Оливер постариот направил сериозен арбитар од синот Мајкл: му ги снимал неговите први натпревари на DVD и потоа дискутирал со него за грешките: заедно трчале секое утро, тренирале правилни движења и избор на позиција.
Пред дебито на Оливер во Премиер лигата, татко му изјавил: „Се гордеам со синот. Тој е одлично спремен и со се може да се справи. Еднаш сакам да го гледа од трибините на ’Камп Ноу’ или ’Сантијаго Бернабеу’.“
Поставил рекорд во време на Кристијано Роналдо во Англија
ФА првпат го назначила Оливер да го суди мечот меѓу Фулам и Портсмут во јануари 2010-та година. Не му се дало затоа што тоа било коло во кое поради лоши временски услови многу натпревари биле одложени а самиот Мајкл се пожалил на повреда и отсуствувал неколку месеци од теренот.
Така конечно го дочекал големото деби во август истата година и станал најмладиот судија во историјата на Премиер лига. Имал 25 години и 182 дена.
Мајкл Оливер неколку пати во својата кариера поставувал рекорди:
- Станал најмлад судија во историјата на „Вембли“ (22 години)
- Станал првиот судија кој покажал црвен картон на новиот „Вембли“
- Станал најмладиот судија и линиски судија во историјата на англиската Лига 1 (22 години)
- На 26 години станал судија со знак на ФИФА
- Станал најмладиот резервен судија во историјата на Премиер лигата (24 години)
- Станал најмладиот судија во едно полуфинале на ФА Купот (28 години)
Освен тоа Мајкл Оливер бил судија и на прошталниот меч на Сер Алекс Фергусон.
Денес Оливер има 33 години и веќе може да се нарече еден од најстатусните англиски судии. Во неговата кариера судел две финалиња на англискиот Суперкуп (2014, 2016) и финале на Светско првенство за играчи до 17 години (2015).
Годинава првпат судел нокаут меч од Лигата на шампионите: Бешикташ - Баерн Минхен.
The Times за него вели дека „највлијателниот судија“. Легендарниот арбитар Грем Пол еднаш изјавил: „Оливер има голем потенцијал. На долги патеки тој може да стане најдобриот судија во Британија за 10-15 години“.
Неговиот колега Џорџ Кортни се согласува: „Мајкл Оливер има одличен инстинкт и интуиција за да суди смело и коректно“.
Но таа смелост неколку пати го чинела како на пример кога на мечот Блекпул - Фулам не признал три гола а после неколку кола досудил непостоечки пенал против Арсенал.
НЕКОЛКУ СИТУАЦИИ ЗА КОИ ВО АНГЛИЈА НАВИВАЧИТЕ НЕ ГО САКААТ
- Во март 2017-та Манчестер Јунајтед го совлада Челси во ФА Купот со 1:0. По една мошне спорна одлука на крајот од мечот Конте и Мурињо за малку не се степаа - едвај ги раздели помошниот судија.
- Во мај тимот You Are The Ref на чело со поранешниот судија и колумнист на Telegraph Кит Хакет го разгледувала изборот на судии за сезоната 2017/2018. Се испоставило дека Оливер најмногу од сите им судел на топ екипите - по седум пати им судел на Ливерпул и Тотенхем.
Хакет му замерувал на Оливер тоа што се познавал со некои играчи и што клубовите можат да влијаат на неговата работа. Сезонава Мајкл Оливер судел најмногу отсекогаш во кариерата - 33 меча.
- Во ноември Арсенал изгуби 1:3 од Манчестер Сити и Арсен Венгер жустро ја критикуваше работата на Оливер и неговите помошници: „Судијата играше против нас - сомнителен пенал и гол од офсајд. Тоа што се случи е неприфатливо. Судиите не работат доволно добро. Нивото им опаѓа секоја сезона.
- По декемврискиот пораз (1:2) од Манчестер Сити, Жозе Мурињо го обвинил Пеп Гвардиола за „совршена тактичка измама“ и рекол дека „сега Оливер треба да ја проанализира ситуацијата и да одлучи“. Фудбалската асоцијација на Англија барала од Португалецот да ги објасни коментарите затоа што на тренерите им е строго забрането да коментираат судиски одлуки.
Мурињо тогаш се спаси и остана само на опомена.
И жена му е судија
Мајкл секое лето суди на аматерски натпревари во родниот Ашингтон - град во реонот Нортамберленд во северо-источна Англија. Им суди бесплатно за да ја одржува формата.
Најнеобичен меч во неговиот живот не бил пријателски натпревар туку средба меѓу женските екипи на Рединг и Арсенал во 2015 година. Мајкл тогаш дошол да ја поддржи жена му Луси која исто работи како главен судија но морал да се симне на теренот и да помогне затоа што една од линиските судијки се повредила и побарале помош од страна.
На стадионот тогаш објавиле: „Ако меѓу вас има квалификуван линиски судија, ве молиме дајте ни до знаење“. Меѓу 873 гледачи на стадионот неочекувано се нашол и Оливер.
Тој секогаш зборувал за фудбал иако со татко му играл и голф.
„Отсекогаш се угледував на Пјерлуиџи Колина. Тој е најдобиот“, рекол еднаш Мајкл Оливер. За жал синоќа Италијанците ќе го паметат по спорниот момент и пеналот за Реал во 97’ минута.