Воведувањето на можноста за поднесување на закони од граѓаните преку интернет, е дел од законот "Граѓанска иницијатива" кој беше изгласан на почетокот од годината.
Предлагањето на законите нема да биде со "лајкови" или "ретвитови" туку секој ќе треба да ја искористи својата електронска идентификација (која како систем е одобрена на национално ниво) за да ја даде својата поддршка.
Според овој закон, предлогот треба да собере 50.000 потписници во рок од 6 месеци, за тој да биде разгледан од парламентот. Платформата која ќе се користи за он-лајн предлагање на законите се вика The Open Ministry.