Во време кога многу Хрвати мака мачат да најдат каква било работа, еден дубровчанец решил да даде отказ на одлично платеното место само затоа што му било досадно на работа.
"Работев 8 часа дневно, од 8 до 16, ама не знаев што да правам во канцеларија. Најлошо беше што шефот секогаш ми беше во близина па не можев да поминувам време на интернет или да читам книги," рекол неименуваниот маж кој ја напуштил работата од 920 евра.
Вели дека кога се договарале за работата, му било ветено дека ќе има слобода и креативност во работата но сето тоа се изјаловило па завршил киснејќи во канцеларија.
"На крајот, за да не си губам време и живот, решив да дадам отказ," објаснил човекот велејќи дека работното задоволство ќе го побара во некој друг правец.